ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ТАРАВАРИ Меџити уверува дека Владата ќе биде постабилна и поцврста

Владата е стабилна и се зајакнува за да може да се реализираат проектите во интерес на граѓаните. Повеќето се реформираат, ќе има и Бадинтер мал и Бадинтер голем. Ќе има предлози на закони што се во интерес на граѓаните, кои верувам ќе ги гласаат сите, вели вицепремиерот и министер Изет Меџити додвајаќи дека идната недела ќе се знае точно кој ќе ги пополни функциите по заминувањето на Таравари и неговите соработници.

128

Вицепремиерот и министер Изет Меџити денеска од Тетово најави дека наредната недела ќе се знае точно кои луѓе ќе се постават на владините функции по заминување на Арбен Таравари и неговите блиски соработници. Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити уверува дека се работи на постабилна Влада, со цел побрза реализација на предвидените проекти.

– Владата е стабилна и се зајакнува за да може да се реализираат проектите во интерес на граѓаните. Повеќето се реформираат, ќе има и Бадинтер мал и Бадинтер голем. Ќе има предлози на закони што се во интерес на граѓаните, кои верувам ќе ги гласаат сите. Позициите внатре во Вреди, главно место има Алијансата за Албанците на чело со Арбен Фетаху, нормално и со другите пратеници, и тие што преминаа од Фронтот за Европа, повеќето нови, и со нив се разговара. Се надевам идната недела од понеделник натаму ќе имаме информации за пополнување на празните места, бидејќи немаме време за муабети ни треба мнозинство за да ги реализираме проектите како денешниов – изјави Изет Меџити.






Тој заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на граничниот премин Јажинце-Глобочица беа да го означат почетокот на употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана гранична контрола со Република Косово.

Поврзани содржини