„ИДИОТИ, ЌЕ МУ ПОКЛОНАТ ОСТРОВИ НА МАВРИЦИУС“ Трамп ги куди Британците за клучна база среде Индискиот Океан

Се чини дека шефот на САД ја смени позицијата за договорот за Чагос од мај 2025 година кога Белата куќа официјално го поддржа истиот, пишува Би-Би-Си. Островите Чагос имаат болна историја. Населението, познато како Чагосјани, било насилно иселено помеѓу 1967 и 1973 година, за да се отвори простор за изградба на база која потоа САД ќе ја изнајмуваат од Британците со 60-годишен договор.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „идиотска“ одлуката на Лондон да му го препушти архипелагот Чагос на Маврициус.

– Невозможно е некој да подарува копно среде океан во време на геополитичка бура – изјавил Трамп, коментирајќи го потпишаниот договор меѓу Лондон и Порт Луис.






Се чини дека Трамп ја смени позицијата за договорот за Чагос од мај 2025 година кога Белата куќа официјално го поддржа истиот, пишува Би-Би-Си.

Договорот од мај 2025 предвидува и Велика Британија да ја изнајми воената база Диего Гарсија за 99 години, со можност за продолжување за уште 40.

Коментарите на Трамп доаѓаат во време кога американскиот лидер недвосмислено укажува на своите планови да го преземе Гренланд од Данска.

Жителите протерани, базата останува

Островите Чагос имаат болна историја. Населението, познато како Чагосјани, било насилно иселено помеѓу 1967 и 1973 година, за да се отвори простор за изградба на база.

Велика Британија и САД потпишале таен договор во 1966 година со кој Американците ќе плаќаат наемнина за користење во следните 60 години, заклучно 2036 година. Оттогаш, Диего Гарсија станал симбол на моќта на Западот во Индискиот Океан. Базата служела како логистички центар во Заливските војни и во операциите во Авганистан.

Меѓународниот суд на правдата уште во 2019 година препорача островите да се вратат под суверенитет на Маврициус. Британија тогаш одговори со молк.

Дури во октомври 2024 година, премиерот Кир Стармер најави дека договорот ќе стане реалност.

Долг рок и длабоки сомнежи

Во пакетот е вклучен и фонд од 40 милиони фунти за поддршка на иселените жители. Но, критичарите предупредуваат дека новиот аранжман отвора простор за зголемено влијание на Кина во регионот.

– Кина ќе ја користи секоја ваква празнина за да го прошири своето присуство – изјави за Си-Ен-Ен поранешниот британски министер за одбрана Грант Шапс.

Архипелагот меѓу три сили

Чагос Архипелагот е под британска контрола од 1814 година. Во 1965 година бил административно одвоен од Маврициус, кој тогаш сè уште бил колонија. Откако земјата стекнала независност, Лондон ги задржал островите и ги преименувал во Британска територија во Индискиот Океан.

Денес, воената база Диего Гарсија останува геостратешка точка што ги поврзува Африка и Азија.

„Брзо деколонизирање“

Меѓународниот суд ја оцени британската окупација како незаконита и побара „брзо деколонизирање“. Советодавната одлука беше поддржана од Генералното собрание на Обединетите нации.

Новиот договор од 2025 година делумно ја признава оваа препорака, но истовремено ја зацврстува западната воена инфраструктура

Поврзани содржини