Идентификувана нова варијанта на коронавирусот, непознато дали вакцината ќе делува на неа
Британските здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот.
Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.
– Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија – рече Хенкок.
Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.
– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте – рече тој.
Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација.
Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.