ДАВАЈТЕ ИДЕИ ЗА МАСКА Мбапе мора итно да го оперира носот?

Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот. 

149

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се огласи по повредата добиена синоќа на натпреварот против Австрија на Евро 2024 (1:0).

„Идеи за маска?“, напиша Мбапе на социјалната мрежа Икс.






Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот.

Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено повредата да се санира без оперативен зафат.

Во вториот натпревар на ЕП 2024 Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни, истиот ден Австрија ќе се сретне со Полска. 

Поврзани содржини