ИДЕЈАТА НЕ БЕШЕ ДА ЈА СРУШИМЕ ВЛАДАТА Целта ни беше да ги заштитиме стратешките интереси

Трајанов смета дека било подготвено сценарио државниот врв да не објавува што усогласиле со Бугарија и поради тоа излегле со став оти францускиот предлог е неприфатлив.

734

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, попладнево во врска со францускиот предлог изјави дека идејата не била да ја „срушат“ Владата, туку за да спречат загрозување на стратешките интереси.

– Мислам дека ние сме дел од тие партии кои не го поддржаа предлогот, ако нешто направивме е тоа дека спречивме да бидат загрозени нашите стратешки интереси, апсолутно не држи тоа дека идејата беше да ја срушиме Владата – рече Трајанов во „Само интервју“.






Трајанов смета дека било подготвено сценарио државниот врв да не објавува што усогласиле со Бугарија и поради тоа излегле со став оти францускиот предлог е неприфатлив.

– На 19 јуни кога Ковачевски ги собра лидерите на владините партнери на која средба се очекуваше да се разговара за францускиот предлог, таму беше кажано дека сѐ уште не е добиено таков предлог, мислам дека се работи за подготвено сценарио, државниот врв да не објавува тоа што се усогласила со Бугарија и затоа ние излеговме со став дека предлогот е неприфатлив и дека ги загрозува нашите интереси – рече Трајанов.

Тој вели дека тие практично го отфрлиле предлогот и појасни оти за него требало да се иницира расправа во Парламентот. Според Трајанов, сите барања на Бугарија на суптилен начин биле вметнати во предлогот.

Поврзани содржини