ИЧ ДА НЕ МЕ БАРАТЕ ЗА НАСТАП, ДУР СУМ ЖИВ Џамбазов остро „удри“ по „кафеанџиите“ (ФОТО)

Тие ангажираат полуанонини пејачки со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат пет пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, стои во објавата на Џамбазов.

6,861

Најпознатиот шоумен во Македонија, актерот, пејач и водител, Игор Џамбазов им се налути на „кафеанџиите“, поточно на сопствениците кои за многу повеќе пари ангажираат полуанонимни пејачи и пејачки од Балканот, наместо да повикаат македонски изведувачи.

Џамбазов на својот Instagram профил јавно се обрати, а потоа истото го сподели и на Facebook.






– Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен … дур сум жив. Идемо садаааа … Балкан горииииии … – напиша Џамбазов.

По објавата на Игор, следеше реакција и од останати македонски изведувачи кои во целост застанаа зад Џамбазов.

 

Поврзани содржини