Асот на милан Златан Ибрахимовиќ последните голови во богатата кариера ги прославил со песната на Нада Топчагиќ „Јутро је“. Видеото од неговата турбофолк изведба веднаш стана вирално, а ја водушевил и Нада Топчагиќ. Но, популарниот Златан отворен е и кон другите музички стилови. Тоа го докажал со објавата дека ќе биде гостин на сите пет вечери на култниот италијански фестивал Сан Ремо.
Директорот на Сан Ремо, Амадеус (уметничко име) открил дека фестивалот годинава ќе има посебен гостин.
– Спремете се, доаѓам. Ќе снимам плоча, кусо порачал Ибрахимовиќ.