Ибрахимовиќ: Јас го победив коронавирусот, но не се сите Златан! Користете ја главата, почитувајте ги правилата! (ВИДЕО)
Швеѓанецот во свој стил апелираше да се почитуваат мерките со носење на маска и одржување на дистанца за да се победи во битката против ковид-19.
Играчот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на овој месец успешно го победи коронавирусот, а денес се приклучи во кампањата против ковид-19.
Швеѓанецот во свој стил апелираше да се почитуваат мерките со носење на маска и одржување на дистанца за да се победи во битката против ковид-19.
– Јас го победив коронавирусот, но не се сите Златан. Користете ја главата, почитувајте ги правилата. Социјално дистанцирање и маски – секогаш! Ќе победиме! – порача Ибрахимовиќ.
Италијанските медиуми ваквиот потег на Ибрахимовиќ го протолкуваа како лекција за Роналдо, кој вчера крена голема прашина со тврдењето дека „ПЦР тестот е сра*е“.