Ибра правеше шоу на Сан Ремо – Тој се појави со „Јутро је“ и го истрола Ливерпул (ВИДЕО)
Инаку, Златан на сцената беше пречекан со стар хит на Нада Топчагиќ (Јутро је), пејачката која самиот тој и ја откри на италијанската јавност пред извесно време.
На овогодинешното издание на музичкиот фестивал Сан Ремо, како вип-гостин се појави фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ кој понуди уникатно телевизиско шоу, кое за првпат во историјата се одржува без публика во „Театро Аристон Санремо“ поради ситуацијата со ковид-19.
Сепак, искрените љубители на овој фестивал имаа што да видат од пред ТВ приемниците, бидејќи ѕвездата на Милан како главен гостин издоминира за сите пари, прикажувајќи го својот сарказам на најдобар можен начин, непосредно откако се појави на сцената.
Златан прво му фати сеир на презентерот Амедеус од кого лично беше поканет за 71-то издание на овој познат фестивал, но потоа во свој стил го истрола и Ливерпул кој се соочува со огромни проблеми во одбраната од стартот на сезоната.
– Најпрво, чест е за мене што сум тука на оваа сцена, но чест е и за тебе што ме имаш тука, – му порача Ибра на Амадеус.
– Обично се чувствувам големо и моќно, но тука изгледам помал на ваков фестивал. Сепак, поголем и помоќен сум од тебе сигурно – додаде тој.
– Во мојот фестивал ќе имаа 22 пејачи, а не 26 како што имате вие тука. 22 пејачи, по 11 во секој тим. 11 против 11. Бидејќи вие имате 26, продадете четири пејачи, слушнав дека на Ливерпул му требаат дефанзивци. Ако не сакаат, ставете ги во градината и јас ќе им најдам работа. Втора работа, оваа сцена е премала, направена е за мали луѓе како тебе (обраќајќи му се на Амадеус). Мене ми е потребна сцена од 105 метри должина и 68 метри ширина, исто како теренот на „Сан Сиро“. И покрај се, немој да се грижиш, се додека е Златан тука, се ќе биде во ред. Фестивалот на Златан трае 90 минути, плус продолжение. Јас сум најдобар на оваа сцена, не само вечерва, туку секогаш, – гласеше комплетниот вовед на Ибра кој стана вистински хит во Италија.
Златан Ибрахимовиќ уште еднаш веќе во серија му се обрати на Леброн Џејмс големата НБА звезда.
Веќе на сите ни е позната нивната преписка, односно конверзација на тема инволвирање на спортистите во политиката, и колку ставовите на овие двајца се дијаметрално спротивни.
Ибрахимовиќ и во овој свој јавен настап не пропушти да се осврне на темата потенцирајќи уште еднаш дека спортистите никако не би смееле да се мешаат онаму каде што не им место.
– Нашата цел како спортисти е да обединуваме, не да раздвојуваме. Спортот обединува, а политиката разединува, ги дели луѓето. Расизам и политика се две различни нешта. Лично сметам дека сите треба да се бавиме со она во што сме добри. Да бев добар за политика и јас ќе бев политичар – изјави Ибрахимовиќ.
Инаку, Златан на сцената беше пречекан со стар хит на Нада Топчагиќ (Јутро је), пејачката која самиот тој и ја откри на италијанската јавност пред извесно време.