ЏИБОНИ СО НОВ СИНГЛ И АЛБУМ Во спотот глуми „Девојката со бисерната обетка“ (ВИДЕО)

Станува збор за песната „Фотографиите лажат“ (Лажу фотографије) која, судејќи според досегашните реакции на публиката и музичките критичари, веќе е препознаена како една од најистакнатите на актуелното ЕП и прв избор за наследник на супер-успешната „Киша“.

392

Речиси шест месеци од објавувањето на првиот сингл „Киша“, која сè уште е една од најемитуваните песни на радиостаниците во Хрватска, но и во регионот, Златан Стипишиќ-Џибони го објави вториот сингл од актуелниот ЕП „За половина час“, дознава Глорија.

Погледнете го спотот кој бил направен по идеите на Џибони.






Станува збор за песната „Фотографиите лажат“ (Лажу фотографије) која, судејќи според досегашните реакции на публиката и музичките критичари, веќе е препознаена како една од најистакнатите на актуелното ЕП и прв избор за наследник на супер-успешната „Киша“.

За новиот сингл од албумот „У по‘ уре“, Џибони вели дека му е една од неговите омилени песни во изданието. На синглот гостуваат џез-пијанистот Матија Дедиќ и гитаристот Јоги Лонич како и Симфонискиот оркестар на Хрватската радиотелевизија.

Поврзани содржини