Џибони, односно Златан Штипшиќ, вчера го прослави 52-иот роденден и е препознатлив по неговите романтични песни и нежни стихови, но кариерата ја започнал како рокер.
Кариерата на Џибони започнала во групата „Осми путник“, а песните на групата се спротивност на стиховите што ги пее денес Џибони.
„Рокај до темел, од глава до пети“, е стихот на песната „Гласно Гласније“, од групата „Осми путник“.
По „Осми путник“, Џибони ја продолжил кариерата во групата „Дивље јагоде“, во која се задржал една година, а од 1989 до 1990 година живеел во Берлин, каде настапуваше со групата „В2“.
Тој го издал својот прв соло албум во 1991 година под наслов „Со мном или без мене“, а главна пресвртница во неговата кариера беше песната „Цесарица“, која ја напишал за Оливер Драгојевиќ.