ИАКО СЕ ЗАНЕСУВА ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИ ВО ФОРМУЛА 1 Мицкоски ја спореди власта со стар автомобил пред ремонт

1,317

Власта наликува на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе не однесе на натпревар на формула еден каде ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Улјето е растечено, моторот пред зарибување, а новата боја со која го префарбурваат и не убедуваат дека е најдобар постепено распукува и бледее, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Бутел.

 

Мицкоски пред присутните порача дека волкот влакното го менува но не карактерот.

 

– И не залудно велам насекаде, волкот влакното го менува, а карактерот не. Но новината е сега дека влакното може да го сменат сто пати, ама карактерот кој не го менуваат им го научија, им го прочитаа и го распознаваат до перфекција. И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донел во Македонија народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е се подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста меса со Заев и врз себе да си го лепат неговиот криминал, неговите афери и скандали – истакна Мицкоски.

 

Поврзани содржини