ИАКО ПОРТУГАЛЕЦОТ НЕМАШЕ НАЈДОБРА СЕЗОНА Кристијано Роналдо доби „специјална награда“ од ФИФА

Играчот на Манчестер Јунтајтед стана најдобриот стрелец во репрезентативниот фудбал, надминувајќи го Али Даи, а исто така и на глобално ниво во историјата на спортот.

176

Кристијано Роналдо немаше година за паметење, ама во 2021 година сепак успеа да постави неколку рекорди. Португалецот стана најдобриот стрелец во репрезентативниот фудбал, надминувајќи го Али Даи, а исто така и на глобално ниво во историјата на спортот.

Поради тоа, ФИФА не го заборави Роналдо. Иако фудбалерот на Манчестер Јунајтед не котираше најдобри на топ-листите, сепак доби Специјална награда од светската фудбалска федерација.






Истата доаѓа токму поради срушените рекорди. Роналдо сега е најдобар стрелец во светскиот фудбал, па тоа не мина незабележано во ФИФА. Португалецот ова лето го замени Јувентус со Манчестер Јунајтед, а „ѓаволите“ имаат проблеми во Премиер лигата и веројатно ќе се насочат кон Лигата на шампионите.

Поврзани содржини