Иако има пари за тестови, и натаму ќе се тестираат само оние со симптоми и со сомнителни контакти

Продолжуваме со оваа стратегија на тестирање на населението кое е суспектно за примарните  контакти и според клиничките  симптоми. Да, има пари за набавка на тестови , бидејќи тоа е приоритет и средства од буџетот на Министерството за здравство има токму за оваа намена - одговори Филипче. 

728

Дали новозаразените здравствени лица во Куманово и возачот во скопската Брза помош не биле доволно заштитени со опрема, а се во првата линија на одбрана од вирусот и дали министерот Филипче чувствува лична одговорност за овие случаи? Колку пари има државата за тестовите за коронавирусот и има ли сега доволна количина на тестови? Ова беа дел од прашањата за коишто новинарите денеска бараа одговор од министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој изјави дека има доволно пари за тестови, но тие ќе се прават како и досега, а повтори дека сме први во регионот според бројот на тестови по глава на жител.






– Продолжуваме со оваа стратегија на тестирање на населението кое е суспектно за примарните  контакти и според клиничките  симптоми. Да, има пари за набавка на тестови , бидејќи тоа е приоритет и средства од буџетот на Министерството за здравство има токму за оваа намена – одговори Филипче.

Тој додаде дека може да има и посебна статистика за бројот на здравствени  работници кои се позитивни на коронавирусот, а за заштитната опрема сите јавни здравствени установи добиле упатство како да ја користат заштитната  опрема.

– Имаме сериозна залиха во Министерството за здравство на оваа опрема, а има и донации и со постапки за набавка ќе ја надополнуваме резервата  – рече Филипче.

Тој потврди дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за контрола на условите за тестирање на коронавирусот.

–  Увидот во болницата заврши, а констатитирани се добри услови за работа во лабораторијата, но се повторува препораката – за секој тест со антитела мора да се направи и тест за присуство на самиот вирус, за да се види дали некој е носител на вирусот – одговори Филипче.

 

 

Поврзани содржини