ИАКО ФАВОРИТ, ФАТИМЕ ФЕТАИ СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА!? За шеф на вишото скопско обвинителство ќе се борат Хајрулахи и Рустеми

Според оценувањето од Советот за јавни обвинители Фатиме Фетаи имаше оценка од 25 бода, најголема од сите тројца кандидати.

465

Поранешната обвинителка на СЈО Фатиме Фетаи испратила мејл до Советот за јавни обвинители деке се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство – потврди претседателот на Советот Антонио Јолевски. Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност дека таа го испратила известувањето.

Изборот за шеф на вишото обвинителство е одложен за 21 ноември. Во трката сега остануваат актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Бурим Рустеми. Според оценувањето од Советот за јавни обвинители Фатиме Фетаи имаше оценка од 25 бода, најголема од сите тројца кандидати.






Мустафа Хајрулахи има 6 години искуство, а од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. И покрај силната конкуренција и малото искуство, тој во 2018 година беше избран за шеф на ова обвинителство. Во изминатите четири години Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држи предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не го даваше предметот на Скопска апелација.

Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, каде во Основното јавно обвинителство работел од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а ги застапуваше предметите „Топлик“ и „ТНТ“, како и финансиската истрага за „Поштенска банка“, предмет кој е во фаза на судење. Тој сега е виш обвинител во Скопје.

Поврзани содржини