ИАКО Е НА СМРТНА ПОСТЕЛА НЕ МУ ДАВААТ СРЦЕ! Антиваксер одбиен за трансплантација, а вака болницата ја објасни одлуката (ВИДЕО)
Фергусон е во болница од ноември поради „наследна срцева болест“ поради која неговите бели дробови се полнат со крв и вода. Неговото семејство рече дека тој е на врвот на списокот на пациенти кои чекаат донатори, но дека тоа повеќе не се должи на новите политики на болницата, вклучително и фактот дека пациентот мора да се вакцинира против ковид-19.
Американска болница одби да му пресади срцето на пациент, а една од причината е што тој не бил вакциниран против коронавирусот, пренесува Си-Би-Ес Њус.
Пациентот од Бостон, Ди Џеј Фергусон (31) не доби шанса да му биде направена трансплантација на срце, иако бил на врвот на списокот. Американските медиуми јавуваат дека дел од причината поради која на Фергусон му била одземена шансата за ново срце, а со тоа и неговиот живот, е тоа што не ја примил вакцината против вирусот ковид-19 и засега нема никаква намера.
Фергусон е во болница од ноември поради „наследна срцева болест“ поради која неговите бели дробови се полнат со крв и вода. Неговото семејство рече дека тој е на врвот на списокот на пациенти кои чекаат донатори, но дека тоа повеќе не се должи на новите политики на болницата, вклучително и фактот дека пациентот мора да се вакцинира против ковид-19.
– Вакцината за ковид-19 е една од неколкуте вакцини и неопходни предиспозиции што се бараат од кандидатите за трансплантација во Општата болница Бригам. Овој систем е создаден за да обезбеди најголема можна шанса за успешна операција, како и преживување на пациентот по трансплантација на органи – велат од оваа болница во Бостон и додаваат дека се потребни вакцини за грип, хепатитис Б и коронавирус.
– Без овие вакцини пациентите не се активни на списокот на чекање – додаваат оттаму.
Објаснија и дека поради недостаток на органи не сакаат да ризикуваат, но можност за нов живот добил пациентот кој има најголеми шанси за преживување и ги исполнил сите барања. Сметаат дека постојат индиции дека невакцинираните пациенти имаат помала веројатност да преживеат по трансплантацијата.
Таткото на Фергусон им откри на медиумите дека вакцината против коронавирусот е „против сите принципи на неговиот син, бидејќи тој не верува во тоа“. Додаде дека тоа е негово тело, а со тоа и негов избор и дека смета дека неговиот син е многу храбар.
Фергусон е оженет и има две деца, а неговата сопруга е бремена со трето.