И Зоолошката градина времено затворена

373
Зоолошка градина Скопје во наредниот период нема да биде отворена за посетители поради придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.





– Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита од коронавирусот – информираат од Зоолошката градина.
Во меѓувреме, се наведува, дека постојано ќе се врши дезинфицирање на живеалиштата на животните во градината.

Претпладнево, сепак, Зоолошката беше отворена за посетители, кога ја направивме оваа фотографија.

Поврзани содржини