И ЗЕЧЕВИЌ БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА НА ВОДИЦИ? Обвинување од ВМРО-ДПМНЕ дека ширел зараза на празникот

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува директорката на Центарот за јавно здравје да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ, да постапи совесно и да побара кривична пријава за Зечевиќ.

895

СДСМ крие дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на корона вирусот и ширел зараза во Охрид, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19 јануари во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани. Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20 јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






ВМРО-ДПМНЕ ја повикува директорката на Центарот за јавно здравје да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ, да постапи совесно и да побара кривична пријава за Зечевиќ.

Поврзани содржини