И заменичката министерка за внатрешни Славјанка Петровска во самоизолација

948
СДСМ денеска соопшти дека во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на ковид-19. Тоа се Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.





По направените тестирања од СДСМ информираат дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.
„СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец. Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција. Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму апелираат сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје.

 

Поврзани содржини