И ЗА ВИКЕНДОТ ЌЕ ВРНЕ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ЗАСТУДИ Утре температури до 19 степени

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

72

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени.






Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Поврзани содржини