И ЗА КИНА МОЖЕ ДА ИМА САНКЦИИ САД предупредија Кинезите да не им помагаат на Русите

Вашингтон има „низа алатки“ за справување со странски компании, вклучитело и кинеските кои ќе одбиваат да ги почитуваат американските санкции кон Русија, во однос на контролите на извоз на производи, преудпреди Нед Прајс, портпарол на Стејт Департментот.

449

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс им се закани на кинеските бизниси со економска казна доколку одлучат да соработуваат со Русија преку санкции кои би биле наметнати од американскиот претседател Џо Бајден. Според него, САД имаат „низа алатки што можеме да ги употребиме ако видиме дека странските компании, вклучително и оние во Кина, прават сè за да ги избегнат активностите за контрола на извозот на САД, да ги одминат, да ги заобиколат“, пишува РусијаДенес.

– Ако Русија мисли дека ќе биде во позиција … да ублажи некои од тие последици, преку поблиски односи со Кина, тоа нема да се случи. Тоа всушност ќе ја направи руската економија, на многу начини, покршлива – предупреди Прајс во врска со евентуалните санкции на САД против Москва при можната окупација на Украина.






Прајс продолжи да ја предупредува Русија дека таа не може да опстане без Западот, тврдејќи дека „ако сами си ја скратите способноста да комуницирате со Западот, да увезувате од Западот, од Европа, од Соединетите држави, значително ќе ги деградирате вашиот производствен капацитет и вашиот иновативен потенцијал“.

На истата прес-конференција, Прајс тврдеше дека има докази од американското разузнавање дека Русија планирала напад со лажно знаме во Украина за да ја оправда инвазијата на земјата. Еден новинар на АП сепак, го искритикува Прајс затоа што тој одби да ѝ обезбеди каков било доказ на јавноста за да ги оправда ваквите тврдења.

Од другата страна, Москва постојано ги отфрли обвинувањата дека планира окупација на Украина како „хистерија“ и „лажни вести“. Во еден момент, дури и Украина ги критикуваше западните официјални лица и медиуми дека ја оштетуваат нејзината економија со постојан страв што предизвикува „неизбежна“ војна.

Поврзани содржини