И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА ИСТИ МЕРКИ Потврда за вакцинација, прележан ковид или ПЦР и брз тест

Возачите се иземени од еднонеделен задолжителен домашен карантин при влез во земјава без ПЦР тест, ваквцина или прележан ковид-19.

525

Од утре домашните и странски државјани и за излез од земјава на граничните премини ќе мора да приложат потврда за извршена имунизација од коронавирусот, односно примени две дози на вакцина, потврда за прележан ковид- 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

Ова го одлучила владата на денешната седница  на која расправала за дополнување на мерките мерките за спречување на проширувањето на коронавирусот.






Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од една недела доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан ковид-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на пет дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани се нивни.

Од оваа мерка се иземени наши државјани возачи на товарни моторни возила, како и за возачи на товарни возила странски државјани кои транзитираат низ земјата.

На денешната седница е усвоен и исклучок од мерката за транзит за авионските екипажи кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјата, според кој наместо 5 часа им се дозволува подолг транзит престој заради природата на нивната работа.

Поврзани содржини