ИЈЗ: Ниту еден од вработените не е позитивен на ковид-19

1,871
Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на ковид-19, велат од оваа институцијата.





„Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана. Официјалните информации за состојбата со ковид-19  се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство“, наведуваат од ИЈЗ.

 

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа, како што објави МКД.мк., за овој медиум изјавил дека  двајца лекари и медицинска сестра од ИЈЗ се позитивни на коронавирусот.
Поврзани содржини