ИЈЗ: 77 трудници досега се заразиле со вирусот, а 34 поминале без никакви симптоми
Во овој период (од 6. до 12. јули) има и 36 починати лица од кои 17 се во Скопје, а шест смртни случаи има во Тетово. Вкупно 35 од починатите биле хоспитализирани, а еден починал вон болница. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.
До 12 јули во државава се регистрирани 8.197 случаи на ковид-19 во 32 града. Во последнава недела, од 6. до 12 јули, тестирани се вкупно 9.995 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 1.073 нови позитивни случаи од 26 градови во државата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=454; 42,3%) и Тетово (n=96; 8,9%). Следат Свети Николе, Гостивар и Штип – се вели во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје на РСМ.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), пријавени се 77 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 19 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на хронични заболувања, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), кај 2.410 (29,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.637 лица имаат кардиоваскуларна болест, 700 дијабет, 320 се со хронична белодробна болест и 445 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 980 (59,2%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), регистрирани се 606 (7,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во овој период (од 6. до 12 јули) има и 36 починати лица од кои 17 се во Скопје, а шест смртни случаи има во Тетово. Вкупно 35 од починатите биле хоспитализирани, а еден починал вон болница. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), кај 2.318 или 28,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.455 или 62,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата.