Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
– Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала. Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со ковид-19, напиша Спасовски.