И во време на пандемија граѓаните земаат станбени кредити

На годишно ниво овој вид на кредити бележат пораст од 12,7 отсто.

1,137

Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во февруари 2021 година, евридентира Народната банка.

Вкупните депозити на годишна основа, се зголемени за 7,1 отсто, при речиси еднаков раст на депозитите и кај компаниите и кај домаќинствата.






На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 4,4 отсто. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат годишен раст од 6 отсто односно 12,7 отсто. Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен пад од 13 отсто на годишно ниво.

Кредитите одобрени на кредитни картички, во февруари, бележат годишен пад од 9,2 отсто, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за  9,3 отсто на  годишна основа. Кај кредитите одобрени врз други основи, овој месец, е забележано годишно намалување од 6,7 отсто.

Поврзани содржини