И во време на корона животот на „Наша фарма“ не се менува, а има и јајца за Велигден

Жарко Василевски е дипломиран новинар, а вработен е во секторот за маркетинг и односи со јавност во Клиничката болница „Жан Митрев“. Освен ова, тој е и фармер. Неговата „Наша фарма“ скопјани веќе добро ја знаат по производството на природни јајца. За кокошките, згодните петли, и другите птици на фармата се грижи целото семејство кое иако контактите со клиентите сега ги свело на минимум, сепак се тестирало од ковид-19. Нивните тестови се негативни, а испораката на јајцата за Велигден - безбедна и на време.

947

Семејството Василевски, Жарко, неговата сопруга Ирена и синовите Давид и Михаил, пред четири години се преселиле и го создале својот нов дом на фармата која скопјани веќе многу добро ја знаат како „Наша фарма“, кадешто конечно можат да живеат онака како што од секогаш сакале – во сојуз со природата и животните.

„Наша фарма“ се наоѓа во Ново село, во скопската општина Ѓорче Петров, а таму, како дел од новиот живот на семејството Василевски, се и нивните миленици – едно чудо кокошки и по некој петел – кој од кој поубав, поголем и пошарен.






Актуелната состојба на пандемијата со коронавирус, не влијаела многу на животот на „Наша фарма“.

„Ние и така сме изолирани во село по наша желба и така сакаме да остане. Единствено ни пречеше ограничувањето на движењето во однос на временските периоди, но и тоа го надвладеавме со добар план и програма во работата. Станавме уште попрецизни и побрзи во доставата на јајца. Целава состојба не направи едноставно уште попрофесионални и едноставно, без грешки.

Целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини