И ВО „ЉУБЕН ЛАПЕ“ ИМА ПОЗИТИВЕН УЧЕНИК Првиот школски ден во Скопје помина хаотично
Веројатно ќе има уште неколку позитивни деца. Во моментов се чекаат тестови за неколку деца кои имале зголемена температура при влезот во некои скопски училишта, а потоа ќе се одлучува за конкретни мерки, објаснуваат од Министерството.
Ученик од училиштето „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром имал висока температура и е позитивен на коронавирус, потврди Министерството за здравство. Откако пред неколку часа беше објавено дека има по едно позитивно дете и во школите „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од истата општина, се чини дека првиот школски ден за скопјани не беше пријатен, пишува МКД.
Веројатно ќе има уште неколку позитивни деца. Во моментов се чекаат тестови за неколку деца кои имале зголемена температура при влезот во некои скопски училишта, а потоа ќе се одлучува за конкретни мерки, објаснуваат од Министерството.
Учениците годинава за прв пат по почетокот на пандемијата се вратија во училишните клупи под строги протоколи, но колку ќе трае наставата со физичко присуство, никој не знае. Со турканиците кои денеска се создадоа по училишните дворови и по автобусите тешко е да се каже кој ќе биде резултатот.
Многу родители се жалат дека уште на првиот училиштен ден во повеќе училишта дел од персоналот и вработените биле без маски и не се почитувале докрај протоколите.