И во Струга и Октиси ќе се тестираат на коронавирус, кај бебињата вакцините не се одложуваат
Таму каде што знаеме дека пред кризните мерки луѓето имале интензивна комуникација со Дебар и тој регион и врз основа на тоа денеска се правеше интензивна анализа од епидемиолозите од Охрид и Струга.
Во план е и пошироко тестирање на коронавирусот и се прават анализи за луѓето кои треба да подлегнат на овие тестови, во регионот на Струга и тоа во неколку места, во Октиси, Лабуништа…, најави вечерва министерот Филипче.
– Многу е важно да помине периодот на инкубација и за тоа таа изолација и карантин трае е 14 дена, бидејќи ако се направи во меѓувреме може да биде лажно негативен. Таму каде што знаеме дека пред кризните мерки луѓето имале интензивна комуникација со Дебар и тој регион и врз основа на тоа денеска се правеше интензивна анализа од епидемиолозите од Охрид и Струга. Ќе видиме како ќе направиме анализа на луѓето, ќе поставиме малку поширока епидемиолошка индикација. Доколку постои бројка на луѓе која е блиску до периодот од 14 дена на контакт со потенцијален, ризичен или заболен, тогаш тоа ќе се направи на таа група луѓе – појасни Филипче.
Во врска со редовната вакцинација во овие услови,министерот појасни дека прво мора да се провери дека детето е здраво, а дека кај школските деца може два три месеци одложување, дека кај бебињата некои вакцини мора да се дадат според календарот.
А за тоа дали е позитивен и директор на фабрика во Скопје која има 300 вработени и дали и тие се проверуваат и дали се во самоизолација, Филипче не одговори дали тоа е вистина.
– Не би сакал да шпекулирам за кого станува збор, а можам да потврдам дека е постапено стручно, во смисла на тоа дека се анализирани сите првични и секундарни контакти, а потоа е донесена одлуката за карантинизирање и изолација. Апсолутно за сите пациенти е направена целосна епидемиолошка анализа, и за кои е утврдено дека биле пр ва линија на контакт им е дадена мерка на самоизолација – изјави Филипче.