Три автомобили биле запалени синоќа во Кисела Вода и едно во Ѓорче Петров. Засега нема информации од МВР за причините.
Се работи за „ауди“ во сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ – сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и „фиат пунто“ – сопственост на Љ.М.(62), од Скопје. Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Претходната ноќ во 3.30 часот на територија на Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.