И во охридско-струшкиот регион навреме почна гласањето
Заради поголема безбедност на гласачите 20 избирачки места се префрлени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа предвидените услови.
Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на парламентарните избори се одвива непречено. Право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и иселениците.
Заради поголема безбедност на гласачите 20 избирачки места се префрлени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа предвидените услови.
Изборниот процес почна да се реализира и на територијата на Општина Дебрца, каде што се евидентирани 4.422 гласачи кои ќе гласаат на 28 избирачки места.
Гласачките места беа навреме отворени и на територијата на Општина Струга, каде што на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас.