И ВО НАЈГОЛЕМА КРИЗА МАКЕДОНЦИТЕ ОДАТ НА ОДМОР Колку е солено морето за нас?
Туристичките работници се изненадени од големиот интерес на граѓаните иако ги зголемија цените на аранжманите за 20 отсто поради зголемените цени на транспортот и другите елементи кои влегуваат во нивната крајна цена.
Од околу 600 евра по човек до над 1.000 евра зависно од хотелот и времетраењето на одморот треба да издвојуваат граѓаните за одмор. Најбарани дестинации се Грција, Турција и Египет, а се летува и во Црна Гора и во Хрватска. Оние кои издвоиле повеќе пари одат и на подалечни дестинации за кои аранжманите се и поскапи. Покрај хотелското сместување дополнително пари се потребни и за услуги на плажа и храна во ресторани. Но високите цени на аранжманите не ги премислија граѓаните годинава да го реализираат одморот што го чекаа 2 години поради пандемијата со ковид-19.
Туристичките работници се изненадени од големиот интерес на граѓаните иако ги зголемија цените на аранжманите за 20 отсто поради зголемените цени на транспортот и другите елементи кои влегуваат во нивната крајна цена.
– Сите аранжмани за главната сезона летово во Грција се продадени. Не изненади интересот на граѓаните. И покрај зголемените цени за 20 отсто (ако ланскиот аранжман чинел 600 евра сега чини 700 евра по човек) интересот е голем. Интерес има и за Туркие каде што аранжманите вклучуваат и авионски превоз. Се надеваме дека така ќе биде некаде до октомври кога се очекува нов бран на ковид-19 – вели Дончо Нацевски од агенцијата „Арботравел“.
Нацевски вели дека ваквиот пораст на туристичката побарувачка е резултат на тргнатите мерки против ковид-19,
– Најверојатно граѓаните изминативе 2 години штедеа за да можат годинава да одат на одмор, но факт е дека и во време на пандемија одделни граѓани патуваа – вели Нацевски.
Прегледот на аранжманите кај повеќето агенции покажува дека јуни и јули веќе се распродадени, а места во одделни хотели главно од поскапите може да се најде во август и во есенските месеци. Цените за 6 дневен ол инклузив аранжман се движат од некаде 985 евра до над 2.000 евра.
Годинава Албанија е далеку поскапа од лани и во хотелското и во апартманското сместување. Цените во апартманското сместување се движат од 179 евра до 380 во јули за 7 дена.
Граѓаните зависно од тоа колку пари планираат да потрошат веќе договорија аранжмани за посакуваните дестинации, а оние кои самите патуваат веќе имаат изнајмено апартмани.
– Веќе уплатив за јули во Туркије ол инклузив. Цената не е како порано, поскапо е, ама сакам ова лето да не мислам во кој ресторан ќе јадам, каде ќе се сончам, колкави се цените. За се имам информација и подготвена сум за авантурата – вели Виолета А.
Оние кои одлучиле да се одмораат во сопствен аранжман и да патуваат со сопствено возило ќе треба во буџетот да предвидат и за гориво и за патарини со предупредување дека горивото секојдневно има променлива цена.
– Годинава по двегодишна пауза се враќаме во Грција. Веќе резервиравме апартман кај познати сопственици каде што редовно одиме. Да веќе слушнавме дека е поскапо е од порано, но секаде е скапо, па и дома да сме цените секој ден растат. Мислам дека е ред по две години седење дома ова лето да се одмориме покрај море вели Атанас Т од Скопје.
Според најновите податоци, цената на дизелот е 1,92 евра, а на бензинот 2,34 евра.
Најпосакуваната дестинација на граѓаните е Грција па издвоивме неколку актуелни цени поврзани со одморот.
Просечни цени | Во евра |
леб | 1.10 – 1.90 |
Млеко литар | 1.00 – 2.50 |
јајца (пакување од 12) | 2.00 – 4.00 |
Сончоглеодво масло | 2.00 – 2.50 |
маслиново | 5 – 7 |
путер | 4 – 5 |
јогурт | 2 – 4 |
ресторани | |
Гиро сендвич | 2.50 – 4.50 |
Гиро порција | 7.00 – 10.00 |
Оброј во евтин ресторан | 10 – 12 |
Оброк во поскап ресторан | 30 – 50 |
кафе | 1.80 – 4.00 |
капучино | 2.70 – 3.50 |
коктели | 7.00 – 15.00 |
Жесток пијалак | 2.00 – 6.00 |
Мало шише вода | 0.50 – 1.30 |
Цени на реквизити | |
лежалка | 4.50 – 7.00 |
Чадор за сонце | 7.00 – 12.00 |
Душек за надувување | 6.00 – 30.00 |
пешкир | 5.00 – 15.00 |
На Халкидики каде што одат најголемиот дел од нашите сограѓани цената на изнајмен сет од две лежалки и дали е со или без пијалок цената се движи од 3 до 25 евра.
На островот Тасос од 5 до 10 евра, во солунскиот регион од 2 до 7 евра. На островот Крф од 8 до 30 евра зависно дали се со или без чадор за сонце и чадор за сонце.