И во кумановска градинка влезе ковид-19

Негувателка во градинката е позитивна на коронавирусот.

521

Негувателка во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово е позитивна на коронавирус. Таа, според изјава на директорката  на градинката Марина Алексовска уште во петокот не дошла на работа поради здравствени проблеми кои не биле типични за коронавирусот, но по тестирањето е утврдиено дека е позитивна на ковид-19.

Ова е прв случај на ковид-19  во кумановска градинка.






За новонастанатата состојба се информирани  Центарот за јавно здравје, Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа Куманово.

Моментално со одлука на Центарот за јавно здравје од Киманово не се ставени во изолација децата и вработените од тој објект, затоа што се преземени сите безбедносни мерки за заштита од ковид-19 во градинката.

Поврзани содржини