И ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“ СЕ ПРИМААТ ПОВРЕДЕНИ Веќе се згрижени неколку лица

366

Вратите на Клиниката „Жан Митрев“ се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нивниот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност, соопшти Клиниката преку Фејсбук.

„Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во напата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош. Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените, нивните семејства“, соопшти Клиниката.

 

Поврзани содржини