И ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ 3 И 4 ВМРО-ДПМНЕ ГО „МАЧКА НА ЛЕБ“ СДСМ Таче пак ќе ја кара државната телевизија
Анкетата на Институтот за политички истражувања, исто како и за изборните единици 1 и 2, за изборните единци 3 и 4 покажува стабилно водство на опозицијата, но бројот на оние кои прогнозираат голема победа на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува.
ВМРО-ДПМНЕ одржува стабилна предност од 2:1 пред СДСМ и во изборните единици 3 и 4, во анкетата на Институтот за политички истражувања. Односот на испитаниците кои предвидуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ спрема тие што прогнозираат победа на СДСМ е речиси 4:1.
Резултатите од анкетата синоќа беа презентирани во емисија „Објектив“ на МРТ1. После претходната анализа на анкетата на ИПИС за изборните единци 1 и 2, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски остро го критикуваше јавниот радиодифузен сервис и повика за овие анкети да се прашаат и странските амбасадори.
На прашањето „За која партија ќе гласате на престојните парламентарни избори, 32,8% од анкетираните во Изборната единца 3 се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,8% го избрале СДСМ. 3,9% одговориле дека ќе гласаат за Левица, а 3,5% за ЗНАМ. Голем е процентот на граѓани кои одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија (16,2%), а 21% одбиле да кажат за кого ќе го издвојат својот глас.
Во Изборната единица 4, 27,2% од гласачите на престојните претседателски избори ќе го заокружат редниот број на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, додека скоро двојно помалку, 14,8%, одговориле дека би го избрале кандидатот на СДСМ.
Едно од прашањата кое им било поставено на испитаниците во третата и четвртата изборна единица било „Според вас, во каква насока се движи Македонија?“. На ова прашање, во Избиорната единица 3 61,8% од граѓаните одговориле „во целосно погрешна насока“, 13,1% „во донекаде погрешна насока“, 6,7% „во донекаде правилна“ и само 4,4% „во целосно правилна насока“.
Во Изборната единица 4 , на истото прашање, 68,8% од граѓаните одговориле „во целосно погрешна насока“, 5,5 % „во донекаде погрешна насока“, 6,8 % „во донекаде правилна“ и само 5 % „во целосно правилна насока“.