Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија Касинос Австрија и во 2024 година.
– Годинава бележиме еден убав јубилеј, десет години од постоењето на компанијата. Во овој период, со гордост можеме да кажеме дека заедно со Иџе растевме и се искачувавме до успехот – рекоа од Видеолотарија Касинос Австрија на прес конференција на која ги претставија своите амбасадори за 2024 година, со кои ја продолжуваат својата пракса за поддршка на спортот и на најдобрите спортисти од Македонија.
– Со Видеолотарија сме заедно веќе 10 години и јас сум многу задоволен што го препознаа мојот потенцијал, па со години заедно го градиме успехот. Еве и сега, верувам, заедно ќе се радуваме на мојот нов предизвик во новата сезона, која ќе почне на 26 и 28 април во Австрија. Многу сум благодарен што пред 10 години, безрезервно застанаа зад мене и почнавме заеднички да се радуваме на нашите успеси, тие на моите, јас на нивните. Ова е компанија која ја почитува лојалноста, а тоа е многу важно кога сакате да градите успешна кариера – сподели Игор Стефановски Иџе.
Видеолотарија Касинос Австрија ја започна соработката со Перо Антиќ минатата година, иако претходно веќе соработуваа со него на ниво на федерација.
– Задоволни сме од неговиот професионален однос и веруваме дека и во иднина, ќе можеме заедно да креираме позитивни промени – додадоа од Видеолотарија.
Антиќ изрази благодарност што Виделотарија веќе втора година му ја доверува улогата на бренд амбасадор и што активно придонесува за развој на спортот.
Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија Касинос Австрија, ќе продолжи да ги негува своите заложби за поддршка на македонскиот спорт и на македонските спортисти и во иднина.