И ВНУКАТА НА ВОЛТ ДИЗНИ МУ ОТКАЖА ЉУБОВ НА БАЈДЕН Абигејл нема да ги финансира демократите ако Бајден продолжи со кандидатурата
Десетици демократи во Претставничкиот дом внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да побараат од Бајден да се повлече доколку покаже физичка или ментална несигурност во денешното интервју за Еј-Би-Си, изјави извор за Ројтерс.
Абигејл Дизни, внуката на Волт Дизни, кој ја основа компанијата што го носи неговото име, е последната во низата донатори во САД кои рекоа дека ќе престанат да ја финансираат Демократската партија додека Џо Бајден не се повлече од трката за претседател.
Таа го изјави ова за Си-Ен-Би-Си.
Во меѓувреме, потпретседателката Камала Харис е водечки кандидат за пополнување на местото на Бајден на изборите на 5 ноември, доколку актуелниот претседател се откаже, велат изворите. Десетици демократи во Претставничкиот дом внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да побараат од Бајден да се повлече доколку покаже физичка или ментална несигурност во денешното интервју за Еј-Би-Си, изјави извор за Ројтерс.
Доколку биде реизбран, Бајден би имал 86 години на крајот на вториот мандат. Некои поранешни поддржувачи го повикуваат да се повлече за да го зачува своето наследство и да ги намали шансите на Трамп да добие втор мандат. Со оглед на тоа дека до изборите остануваат уште само четири месеци, одлуката мора многу брзо да се донесе, велат оттаму.
Бајден до сега неколкупати изјави дека нема намера да си замине откако многу демократи го повикаа да се откаже од кандидатурата за реизбор. На прославата на Денот на независноста, тој одговори на сомнежите за неговата издржливост и ментална острина.
Поради лошиот настап на 81-годишниот демократ во дебатата на 27 јуни со републиканскиот ривал Доналд Трамп, сега внимателно се следи секое негово појавување.
Многу демократски гласачи се прашуваат дали Бајден ќе може да го задржи исцрпувачкото темпо на работа во следните 4 и пол години, а некои во неговата партија го повикаа да се пензионира. Вчера, Бајден беше домаќин на годишните прослави на Денот на независноста на САД во Белата куќа, вклучително и скара за неколку илјади активни воени членови и нивните семејства.