И УТРЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОДИГААТ ДОКУМЕНТИ Шалтерите во Беко и во МРТВ ќе работат од 8 до 16 часот

308

Шалтерите за издавање готови лични документи во МРТВ и во Беко ќе работат и утре, сабота (13 јануари), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерството ги известува граѓаните дека во сабота (13.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и во МРТВ во Скопје од 08 до 16 часот.






Како што е познато, во објектот на МРТВ веќе подолг период има огромни гужви за подигање на документите.

Поврзани содржини