И УТРЕ ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СО ИНТЕНЗИТЕТ ОД 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Од понеделник температурите ќе растат

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

166

Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.






Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.

Поврзани содржини