И УНИШТУВАЊЕТО НА ВАКЦИНИТЕ Е ВАЖЕН ЧЕКОР ВО ИМУНИЗАЦИЈАТА Транспарентно уништени милион дози на Астра-Зенека(ВИДЕО)
Нигериските власти чинот на уништувањето го организираа со присуство на медиумите, сакајќи на јавноста да ѝ покажат дека Владата се грижи за квалитетот на вакцините, со цел да ја зголеми довербата кај населението во планот за имунизација.
Во Нигерија беа уништени нешто повеќе од милион дози на вакцината од Астра-Зенека, бидејќи не биле искористени во рокот предвиден за употреба.
Нигериските власти чинот на уништувањето го организираа со присуство на медиумите, сакајќи на јавноста да ѝ покажат дека Владата се грижи за квалитетот на вакцините, со цел да ја зголеми довербата кај населението во планот за имунизација.
– Уништивме 1,064.000 дози на вакцини од Астра-Зенека и бевме целосно транспарентни како што ветивме. Битно е луѓето да знаат дека се крижиме за квалитетот – изјави Фајзал Шуаиб, директор на Дирекцијата за здравствен развој во Нигерија.