И УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ВЕЖБААТ Ќе летаат турските дронови и противтенковските ракети
Говорејќи за локална ТВ станица, Резников рече дека украинските војници постојано спроведуваат воени вежби и дека од 10 февруари ќе се обучуваат да ги користат турските беспилотни летала Бајрактар, американските противтенковски ракети Џавелин и британските ракети NLAW кои ги добија од своите странски партнери.
Украинската армија ќе спроведе воени вежби од 10 до 20 февруари како одговор на руските воени вежби во Белорусија, во близина на границата со оваа земја, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, пренесува Ројтерс.
Говорејќи за локална ТВ станица, Резников рече дека украинските војници постојано спроведуваат воени вежби и дека од 10 февруари ќе се обучуваат да ги користат турските беспилотни летала Бајрактар, американските противтенковски ракети Џавелин и британските ракети „NLAW“ кои ги добија од своите странски партнери.
Еве како изгледаат „Бајрактар“ дроновите:
Turkey equips Land Forces Command with TB2 drones#drone #Bayraktarhttps://t.co/TkmL64Dp0N pic.twitter.com/4iyT1OxYiM
— Yeni Şafak English (@yenisafakEN) February 6, 2022
Западните земји се загрижени за можна руска окупација на Украина, бидејќи земјата собра над 100.000 војници во близина на границата со Украина и уште 30.000 во Белорусија, каде што ќе ги одржи горенаведените воени вежби.
Од друга страна, Русија негира какви било планови за окупација, наведувајќи дека нејзе ѝ е потребно зајакнување на одбранбените капацитети поради проширувањето на НАТО алијансата во Источна Европа.