И Трудо наседна на руските комичари, се претставиле како Грета Тунберг
За време на 10-минутниот разговор, снимен во јануари, Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои сега објавија, го советувале Трудо за светската политика, меѓу другото, но исто така навеле дека се загрижени за растечката меѓународна криза и можноста за нова светска војна, пренесува „Гардијан“.
Нова жртва на руските комичари, познати како Вован и Лексус, беше канадскиот премиер Џастин Трудо, на кого му се претставиле како шведската активистка Грета Тунберг, која наводно побарала од него да и овозможи средба со ликовите од познатата анимирана серија „Саут Парк“, Теренс и Филип.
За време на 10-минутниот разговор, снимен во јануари, Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои сега објавија, го советувале Трудо за светската политика, меѓу другото, но исто така навеле дека се загрижени за растечката меѓународна криза и можноста за нова светска војна, пренесува „Гардијан“.
– Вие сте возрасни, но се однесувате како деца. Можеме да создадеме свет каде ќе има простор за секого. И за црнци и за белци, христијани и муслимани, Трамп и Путин, за Борис Џонсон и Корбин, за Теренс и Филип. Напуштете го НАТО, оставете го оружјето, собирајте цвеќиња, насмевнете и се на природата – рекла лажната Грета.
На тоа, Трудо дипломатски одговорил дека тоа е вистинската перспектива.
– Јас исто така сонувам за свет во кој војниците се непотребни, но за жал ние сè уште не живееме во тој свет – рекол Трудо.
Канадскиот премиер сфатил дека станува збор за шега кога лажната Тунберг го повторила барањето да ја запознае со Теренс и Филип.
Претходно, жртви на руските комичари беа познати јавни личности, а пред Трудо беше музичарот Елтон Џон кого дуото го повика, претставувајќи се како рускиот претседател Владимир Путин, кој сака да разговара со него за правата на хомосексуалците.