И ТАРАВАРИ, КАКО И СДСМ, Е ПОТРОШНА РОБА НА ДУИ Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови министри

На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДСМ, Алијанса, ДУИ и Левица - различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Извршниот комитет.

322

Извршниот комитет вечерва го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, соопшти партијата, по седницата на ИК на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата.

„Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДСМ, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист“, соопшти владејачката партија.






ДУИ, се додава во соопштението, со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце.

„Така ги добивме СДСМ и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача. Жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Но, да биде јасно: државата не оди во провалија, се додава.

„Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДСМ, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд, оној на правдата, допрва доаѓа“, се вели во соопштението на најголемата македонска партија.

Поврзани содржини