И СТРАЗБУР ПОТВРДУВА ДЕКА „27 АПРИЛ“ Е ПРАВНА КАМИКАЗА Одлуката дека Спиро Ристовски е незаконски држен во притвор го докажува тоа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска-судството и Русковска-обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

252

Одлуката на највисокиот суд во Стразбур, според која поранешниот министер Спиро Ристовски незаконски бил држен во притвор за случајот „27 април“ и дека биле повредени неговите права, покажува дека целиот овој случај е правна камиказа, граден врз политички мотиви, наместо врз правни аргументи – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска-судството и Русковска-обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе. Поради пресудата за „27 април“ Кацарска сега е наградена со место во Уставниот суд, а Русковска остана да биде синоним за срамните обвиненија.






Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот Совет. Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА СПИРО РИСТОВСКИ ЗА „27 АПРИЛ“ Поранешниот министер неосновано бил држен во притвор

Поврзани содржини