И СТЕФКОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД СЛУЖБЕНОТО ВОЗИЛО Градоначалникот на Гази Баба нема да троши ни за репрезентација

Парите во буџетот се на граѓаните и треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните, напиша Стефковски на својот профил на Фејсбук.

216

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски се откажа од користење службено возило, како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.

„Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Парите во буџетот се на граѓаните и треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните“, напиша Стефковски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини