И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДА УЧАТ БЕЗ МАСКИ Комисијата препорача децата да одат и на екскурзии

Комисијата препорача да се овозможи организирање екскурзии во основните и во средните училишта.

120

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии во основните и во средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Тој посочи дека сѐ уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носи маски.

– За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани – додаде д-р Мехмедовиќ.

Поврзани содржини