И сопругата на Идрис Елба позитивна на коронавирус, не сакала да се изолира од него

2,773

Една недела откако актерот Идрис Елба (47) откри дека е заразен со коронавирус, и неговата сопруга Сабрина Дауре-Елба (29) беше позитивно тестирана.

Сабрина се обиде да ја оправда својата одлука да се изолира со заразениот сопруг,  во новото шоу „Опра разговори“ на „Епл ТВ +“, велејќи дека сака да биде покрај нејзиниот сопруг заради нејзиниот „женски инстинкт“ да се грижи за него.






Двојката е ставена во карантин заедно во Ново Мексико, каде болеста го затекнала Елба на снимањето на новиот филм.

„Всушност Опра, утрово дознав дека сум позитивна на тестот за коронавирус“, открила Сабрина со јавување во емисијата преку Фејстајм во саботата.

Славниот актер во интервју за Опра изјави дека не е присутен со ниту еден од главните симптоми и дека се чувствува добро.

„Интересно е и загрижувачки што луѓето веројатно ја носат оваа болест и покрај тоа што сè изгледа добро, но можат да ја шират и на други“, рекол Елба.

Сабрина, на која инфекцијата ѝ беше потврдена во саботата, рекла дека исто така се чувствува добро и здраво.

FOTO: Instagram/Printskrin

Поврзани содржини