И СО ЗЛАТНО ЗНАМЕ ДА ГИ ДОНЕСАТ, СЕКОЈ ШТО СТОРИЛ КРИМИНАЛ ЌЕ ОДГОВАРА Мицкоски за измените во Кривичниот законик

265

СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција и криминалот кои што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го скријат.

Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги коментира најавените измени на Кривичниот законик со европско знаменце.






– Владата на СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција. Зошто се спремаат за опозиција? Затоа што вака, на шверцерски начин, со злоупотреба на европско знаменце, ги носи измените во Кривичниот законик. Но, дури и да го носат законот со златно знаме, а не со европско, секој кој што се огрешил пред законот, а за што постои докази, ќе одговараат – изјави Мицкоски и вети дека сите оние кои што сториле криминал, а за кои што постојат докази да одговараат, ќе одговараат.

Поврзани содржини