И СЛОВЕНЕЧКИ ЧИЗМИ НА МРАЗОТ ВО ГРЕНЛАНД Љубљана испраќа 2 војника

Во образложението на словенечката влада се вели и дека доколку има потреба од поголемо ангажирање на капацитетите на словенечката армија, владата ќе одлучи за тоа со посебна одлука.

0

Двајца словенечки офицери ќе ја носат знамето на малата армија во далечниот Гренланд, како дел од меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“ предводена од Данска. Одлуката ја потврдиле министри на седница на словенечката владата што траеше цела ноќ, а заврши утринава во 10 часот, пишува словенечкиот Н1.

„Доколку сè оди според планот, тие наскоро ќе се упатат таму“, се вели во текстот.






Во образложението на словенечката влада се вели и дека доколку има потреба од поголемо ангажирање на капацитетите на словенечката армија, владата ќе одлучи за тоа со посебна одлука.

Вежбата има цел да го зајакне присуството на НАТО во Арктикот и да испрати порака на одвраќање кон Русија, но и кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколкупати изјави дека САД ќе го преземат Гренланд „без или со употреба на сила“. Трамп неодамна изјави дека би можел да воведе царини за земјите кои не се согласуваат со американското преземање на островот.

Данската арктичка команда соопшти дека на вежбата се поканети и САД, како дел од сојузничките операции поврзани со конфликтот во Украина. Генерал-мајорот Сорен Андерсен рече дека Арктикот е препознаен во новиот стратешки концепт на НАТО како простор во кој Русија би можела да го ограничи сојузничкото движење и навигација.

Андерсен најави дека и балтичките земји наскоро ќе се приклучат, дека Канада ќе учествува и дека НАТО има соработка со САД „рамо до рамо“. Некои ја протолкуваа неговата изјава како индиректна покана до САД да учествуваат во вежбата.

Целта, според него, е „единство и солидарност на алијансата дури и на најсеверните точки на светот“.

Но, токму тие „симболични“ бројки предизвикаа потсмев и критики во дел од Европа. Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, јавно ја исмеа иницијативата за мали контингенти.

– Гренланд. Се прашувам зошто. Патување? Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како почеток на шега– рече тој во Рим.

Тој нагласи дека не сака Европа да изгледа како „збир на расфрлани контингенти“, туку како обединета сила што ќе покаже вистинско одвраќање.

Кој и колку војници досега испрати на Гренланд? З

Франција – 15 војници

Германија – 13 војници

Шведска – 3 офицери

Норвешка – 2 војници

Финска – 2 офицери

Холандија – 1 поморски офицер

Обединетото Кралство – 1 офицер

Словенија – 2 офицери

15 ФРАНЦУЗИ И 15 ГЕРМАНЦИ, ПА ТОА Е ВИЦ! Италијанскиот министер се мајтапи, Рим не праќа војска на Гренланд?

 

Поврзани содржини