И СКОПЈЕ Е МЕЃУ НИВ Ова се градовите во регионот кои се под закана од силен земјотрес! (ФОТО)
Тоа е зона која оди од Грција, па Скопје, па Копаоник, па Краљево, тука е и Мионица, малку Белград, па врти малку лево и оди во Бања Лука, па во Загреб, па во Италија. Таму завршува таа позната зона, вели професорот Миловановиќ.
Подрачјата во Србија најзагрозени од земјотреси се наоѓаат во зоната која започнува во Грција, а завршува во Италија, изјави за Телеграф.рс, Драган Миловановиќ, професор на Рударско-геолошкиот факултет.
Тој смета дека Србија е во зоната на оската, кога станува збор за земјотреси но оти во регионот не може да се случи земјотрес посилен од 6 степени.
На линијата за опасност според него се наоѓаат Белград, Копаоник, Краљево, Скопје, Загреб и Бања Лука.
– Тоа е зона која оди од Грција, па Скопје, па Копаоник, па Краљево, тука е и Мионица, малку Белград, па врти малку лево и оди во Бања Лука, па во Загреб, па во Италија. Таму завршува таа позната зона. Не ја знаеме положбата на тие плочи. Меѓу нив има помали плочи, помали движења, и тие се вртат, подвлекуваат, се влечат, но се уште не знаеме доволно за да можеме поконкретно да го предвидиме местото каде се одвива тој процес – објаснува професорот Миловановиќ за Телеграф.рс.
